Провокаторот Рајс ги пецна „Бед Блу Бојс“, па Адеми му одржа лекција! (ВИДЕО)

Вест хем оствари триумф од 2-0 против Динамо Загреб на „Максимир“, а вториот погодок на натпреварот го постигна Деклан Рајс, кој потоа тргна да го слави голот пред домашните навивачи.

Провокацијата од страна на Рајс го изнервира македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо, Аријан Адеми кој реагираше бурно и го избрка Рајс за да прекине со неговиот потег.