Зошто плачеше Роналдо по исклучувањето? Поради Манчестер јунајтед! (ФОТО)

Фудбалерите на Јувентус на „Месталја“ ја победија Валенсија со 2-0 во рамки на првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Меѓутоа, во центар на внимание е црвениот картон на Кристијано Роналдо и одлуката на Феликс Брих да го исклучи Португалецот во 29. минута.

Оваа одлука го шокираше Роналдо, кој падна на теренот, па почна да плаче. На никој не му беше јасно зошто Брих му покажа црвен картон на Португалецот, но многумина веруваат дека судијата претера.

Сега е откриено и зошто ѕвездата на Јувентус плачеше по црвениот картон, а тоа е поради суспензијата која му се подготвува, па нема да си го оствари сонот и нема да заигра повторно на „Олд Трафорд“ на дуелот против Манчестер јунајтед.