Полска без Левандовски ќе го почне ЕП

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски се повреди на пријателскиот меч против Турција, а Фудбалскиот сојуз на Полска ги објави резултатите од медицинските прегледи.

Докторот Јачек Јарожевски извршил детални прегледи врз Левандовски и констатирал дека напаѓачот скинал мускул поради кој ќе мора да го пропушти првиот меч на Европското првенство (ЕП) против Холандија.

Левандовски скинал мускул и ќе го пропушти дуелот против Холандија, но веќе се работи на негова рехабилитација и Полјаците се надеваат дека ќе биде достапен за пресметките против Франција и Австрија.