Почната е петиција: За неколку часа собрани над 100.000 потписи за да се казни – Рамос!

На интернет беше почната петиција за УЕФА и ФИФА да го казнат Серхио Рамос, кој намерно го повредил Мохамед Салах, а истата досега беше потпишана повеќе од 100.000 пати.

Капитенот на Реал Мадрид, Рамос, беше цел на многу критики по мечот, откако во еден дуел ја повреди ѕвездата на Ливерпул.

„Рамос претставува ужасен пример за идните генерации фудбалери. Наместо победа на натпревар на чесен начин, тој користи трикови кои се некоректни. УЕФА и ФИФА треба да преземат мерки против Рамос и слични играчи“, пишува во петицијата.