Победници на денот: Ирски Бреј ги собра аплаузите со твит за Суперлигата! (ФОТО)

Хаосот што се случи вчера со најавата за формирање на приватна Суперлига и тоа ден пред најавеното промовирање на реформите во Лигата на шампионите со 36 учесници и поинаков концепт зада се задоволат мегаломанските апетити на богаташите, ја крена цела фудбалска Европа на нозе.

И во лудилото дали ќе има распад на европскиот фудбал каков што го знаеме, со многу поголем негативен ефект на целата фудбалска структура ако најбогатите си направат приватна затворена лига, ирски Бреј Вандерерс ги собра аплаузите кај јавноста со еден твит.

Веќе се победници на денот, откако објавија дека не прифаќаат да играат во никакво затвореното натпреварување.