„Оставете го Ериксен на мира и јас минав низ истиот пекол, но еве сум - играм“

Кристијан Ериксен откако доживеа срцев удар за време на натпреварот помеѓу Данска и Финска на Европското првенство, моментално се опоравува во својот дом. 

Му беше направена операција со која му беше вграден специјален дефибрилатор, кој би се активирал, доколку неговото срце повторно запре. Иако многумина велат дека кариерата на Ериксен е завршена со тоа не се согласува Дејли Блинд.

Холандскиот репрезентативец играше со Ериксен заедно во дресот на Ајакс и им порача на сите дека треба да го остават Данецот да се фокусира на здравјете и да не го отпишуваат предвреме.

„По мојот инцидент, цел свет рече дека мојата кариера е завршена“, рече Блинд, кој исто така доби вграден дефибрилатор, откако му беше откриена срцева маана. „Погледнете ме каде сум сега. Сите треба да го остават Кристијан на мира. Навистина ми смета кога ќе речат луѓето дека неговата кариера е готова. Не знаете колку многу боли да го слушнете тоа“, додаде холандскиот репрезентативец.