Она што синоќа го направи Халанд, не е видено од 1977 година

Ерлинг Халанд уште еднаш го воодушеви фудбалскиот свет откако синоќа на дуелот против Молдавија постигна пет гола во триумфот со 11-1.

На 45 натпревари за националниот тим, тој веќе има 48 гола и многу веројатно до крајот на годинава ќе ја мине границата од 50 иако има само 25 години. Ова не му е првпат да постигне пет гола на еден меч, тоа му се успеа и во Лигата на шампионите во дресот на Манчестер Сити, но кога станува збор за квалификации за Светско првенство, секако е куриозитет.

Последен кој направил таков подвиг е поранешниот австриски репрезентативец Ханс Кранкл кој на Малта ѝ даде пет гола далечната 1977 година што значи дека на вакво нешто се чека безмалку половина век.