Обложувалниците не се залетуваат: Зенит е фаворит, ама не до толку! (ФОТО)

Утрешниот меч Вардар - Зенит, во рамките од првото коло од Европа лигата, е можна „нагазна мина“ кажано со обложувачки речник.

Тоа го потврдуваат и коефициентите за дуелот на Вардар со рускиот гигант, кои се движат од 6,5 за победа на македонскиот првак, до 1,5 за триумф на Зенит. Што во некои минати времиња, кога фудбалска Европа немаше наш претставник во групната фаза, коефициентот сигурно ќе беше далеку полош на сметка на црвено-црните. Но, откако во Скопје им беше земен скалпот на Малме, Копенхаген и на Фенербахче, на букмејкерите им е јасно дека „Филип Втори“ е неосвоива тврдина и дека тука никој не може лесно да помине. 

Утре почнува новата сезона на УЕФА лигата, која е историска за Македонија поради прво учество на наш претставник во неа. Вардар поради овој статус ќе добие висок коефициент на најновото рангирање во Нион, па во наредните години лесно може да се случи да биде носител при ждрепката.