Никој вака среде Нион не ја понижил УЕФА: Лига Европа е куп за лузери!

Европската фудбалска унија (УЕФА) вчера ги изврши ждрепките за Лигата на шампионите и Лига Европа за доигрување на прекинатата актуелна сезона во август, ама освен составениот костур за тоа како ќе се судрати екипите до финалето, еден момент остана во втор план, но е вистинска бомба.

За време на ждрепката за Лига Европа, партнер во влечењето на паровите на заменикот генсек на УЕФА, Џорџо Маркети, инаку директор на одделот за натпреварување беше германската легенеда Томас Хелмер, бивш фудбалер на Борусија Дортмунд, Баерн Минхен, екс-освојувач на Купот на УЕФА и на Евро 1996 со Германија.

Токму Хелмер во разговорот пред ждрепката со Педро Пинто, така брутално ја понижи УЕФА среде Нион како никој друг. Лига Европа, кое е второ по ранг натпреварување во Европа (од идната година ќе има и трето Европски куп на конфедерации) го нарече – куп на губитниците.

„Знаеш ли како се вика овој трофеј? Куп на губитниците!“, рече Хелмер во разговорот.

Реакцијата на Маркети потоа беше зачудувачка, ама потегот доволен за сеир кај јавноста, зашто никој досега вака не ја понижил УЕФА во нејзиниот дом.