
Неочекувано: Пола од мечевите на ЕП во Германија ќе се играат на – второлигашки стадиони!
ЕП 2024 ќе се игра на десет различни стадиони во десет германски градови, а ќе стартува на „Алијанц арената“ во Минхен, додека финалето ќе се одигра на 14 јули во во Берлин.
Интересно е што половина од стадионите на кои ќе се играат натпреварите на ЕП во моментов се домови на германски второлигаши, вклучувајќи го и домаќинот на финалето - Берлин (Херта), по што следат Хамбург (ХСВ), Дизелдорф (Фортуна), Келн (Келн), Гелзенкирхен (Шалке).