
Навивачот кој го навредуваше Симеоне имал проблематично досие - веќе бил осудуван!
Симеоне доби директен црвен картон за својот гест, а стратегот на судијата му објаснуваше дека во текот на целиот меч бил провоциран од некој навивач.
Нервите на Чоло попуштија кога Атлетико го прими третиот гол и тргна да се тепа со навивачот, но беше спречен од обезбедувањето.
„Мирор“ сега открива дека навивачот се вика Џонатан Лук Пултер. Тој во 2015 година добил тригодишна забрана за одење на фудбалски натпревари откако вербално навредувал жена со попреченост за време на прошталниот натпревар на Стивен Џерард.
Еве дел од реакциите на Џонатан Лук Пултер кон Диего Симеоне: