Навивач на Манчестер сити е виновен за промашувањето на Силва (ВИДЕО)

Манчестер сити загуби на пенали од Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), а еден од клучните моменти се случи за време на пенал-рулетот кога Бернардо Силва чекаше долго пред да го изведе пеналот.

Англиските медиуми пишуваат дека навивач на „граѓаните“ не сакал да ја врати топката во теренот за да може Силва да го изведе пеналот и така ја нарушил концентрацијата кај Португалецот.

Околу една минута навивачот не сакаше да ја врати топката, а за тоа време постојано растел притисокот врз португалскиот фудбалер кој на крајот имаше ужасен удар од белата точка.