На еден ден пред натпревар остана без ЕУРО, бидејќи имал - Ковид-19!

Руската фудбалска репрезентација се соочи со хендикеп на еден ден до почетокот на своите натпревари на ЕУРО 2020. Крилниот напаѓач Андреј Мостовој е отстранет од тимот, затоа што бил позитивен на Ковид-19. 

Фудбалската федерација на Русија соопшти денеска дека Мостовој ќе биде изолиран, а на негово место веднаш е повикан Роман Евгениев. 

Е сега, проблемот е во тоа што Мостовој е 23-годишно крило, кое дебитираше за Русија во октомври 2020, а во последно време прикажа добри настапи и за својот клуб Зенит, а особено на пријателскиот меч на Русија со Бугарија (1-0), пред неколку дена. Евгениев, од друга страна, е 22-годишен дефанзивец од Динамо Москва, кој нема да биде соодветна замена.

Она што недостасува во соопштението од Федерацјата и во вестите за овој случај е дали и колку Мостовој имал контакт со останатите и дали постои можност да го има пренесено вирусот.