Мурињо му се извини на Даер дека го извади по 29 минути: Тоа беше најтешкиот момент!

Најконтроверзниот менаџер на светот, Жозе Мурињо се врати после скоро една година пауза на тренерската позиција откако го презема лондонски Тотнем и експресно со него се вратија и – циркузите.

Вчера, португалскиот тренер во 29 минута го извади англискиот репрезентативец Ерик Даер, кога „Вајт Харт Лејн“ уште не можеше да се соземе од шокот дека Олимпијакос води со 2-0 (на крај европскиот вицепрвак победи со 4-2). И по мечот и триумфт, Мурињо му се извини на Даер за измената, посочувајќи дека не е поврзана со играта на фудбалерот за врска, туку дека – му дошла друга идеја. На местото на Даер го стави Кристијан Ериксен, далеку поофанзивен и покреативен фудбалер.

„Тоа беше најтешкиот момент на мечот. Не беше кога нѝ дадоа два гола, туку што морав да направам замена толку рано, а не е повреда. Тоа го повреди Ерик, но и јас бев повреден. Не беше лесно за него, ама ни за мене. Важно е фудбалерот што сфати дека имав среќа со изборот, зашто тој е еден ителигентен играч, а јас промената ја направив во интерес на тимот. Не се работеше за замена поради лоша игра, туку за нешто што на тимот му требаше. Губевме 2-0, бевме во тешка ситуација и почувствував дека еден играч во дефанзива за врска е доволен. Помислив: 'ми треба уште еден креативец'! Уште еден што ќе игра со Деле Али, како што го викам јас – отворен триаголник. Не ми требаше затворен триаголник со двајца дефанзивни играчи за врска. Му се извинувам на Ерик, но тој знае дека го направив тоа за доброто на тимот и дека не сакав да го повредам. Им благодарам на навивачите дека исто така ја разбраа поентата на замената“, рече Мурињо,