
Мурињо и Тотнем ги разочараа македонските „ловци по селфи“, ама и – новинарите!
Лондонци веќе го објавија протоколот во пресрет на овој дуел, кој дефинитивно нема да им се допадне на „ловците по селфи“ со славните меѓу спортските вљубеници во нашата држава, но и на новинарите. Според информациите од таборот на „спарси“, тренерот Жозе Мурињо решил експедицијата на Тотнем воопшто да не го напушти хотелот во кој ќе бидат сместени, освен, секако, за натпреварот на арената „Тодор Проески“.
Португалскиот стратег последниот тренинг пред мечот ќе го одржи в среда во својот тренинг-камп, по што со чартер-лет ќе допатува во Скопје, каде што англискиот тим ќе биде во целосен карантин до средбата со тетовци. Мурињо нема да ја одржи и традиционалната прес-конференцијата, а лондонци дома ќе си заминат веднаш по натпреварот.