Модриќ го стигна Меси, пред него остана само Роналдо

Лука Модриќ продолжува да ги мебува границите и на 41-годишна возраст. Капитенот на Хрватска го одигра 208. натпревар за националниот тим и се израмни со Лионел Меси на второто место на вечната листа на фудбалери со најмногу настапи за репрезентација. Пред нив е само Кристијано Роналдо.

Португалецот е далеку напред со 234 настапи за Португалија. Модриќ до големиот успех стигна на стадионот „Опус Арена“ во Осиек, каде што беше стартер на натпреварот против Чешка. Само три дена претходно, тој го забележа својот 207. настап во поразот од Англија со 2-1 на „Вембли“, кога влезе во игра во 76. минута.

Со ова достигнување, Модриќ уште еднаш потврди дека неговата кариера е една од најдолгите и најимпресивните во современиот фудбал. Хрватскиот мајстор, кој со години е лидер на националниот тим, сега е на чекор до самостојно второ место на вечната листа.