Миовски: Одам чекор по чекор, среќен сум за првите голови во Ла Лига

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски минатиот викенд постигна два гола и асистенција против Еспањол (4-1), а сака да продолжи во ист ритам со Жирона и во Лигата на шампиони (ЛШ).

Миовски е полн со самодоверба пред средбата против Штурм Грац и ќе се обиде да ја продолжи голгетерската серија и во елитното натпреварување.

„Одам чекор по чекор, сакам да станам што е можно подобар. Свесен сум за моите квалитети. Постигнав голови за Македонија и Еспањол во лигата. Среќен сум поради првите погодоци во Ла Лига, се надевам дека ќе постигнам уште повеќе голови. Моја задача е да им помогнам на соиграчите за да запишеме нови победи“, кажа Миовски.

Дуелот меѓу Штурм Грац и Жирона се игра утре од 18.45 часот.