Миовски и Жирона ќе почнат со ПСЖ, а ќе завршат со Арсенал

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски заедно со Жирона во новата сезона ќе настапи во Лигата на шампиони (ЛШ), а денеска го дозна распоредот на натпревари.

Жирона ќе го почне елитното натпреварување на гости кај ПСЖ на 18 септември, а потоа на 2 октомври игра против Феенорд. Речиси три недели подоцна го пречекува Слован Братислава, а на почетокот на ноември ќе се соочи со ПСВ.

Штурм Грац ја пречекува шпанската екипа на 27 ноември, а потоа Жирона ќе игра на 10 декември на домашен терен против Ливерпул. На 22 јануари се игра дуелот против Милан во Италија, а само седум дена подоцна Миовски и другарите го пречекуваат Арсенал.