Мартинез доби два жолти, но не беше исклучен поради правило кое ретко кој го знае!

Необичен момент се случи на мечот меѓу Лил и Астон Вила на кој голманот Емилијано Мартинез доби два жолти картони, но не беше исклучен од игра.

По подоброто изведување на пенали, Астон Вила се пласираше во полуфиналето од Конференциската лига.

Во 39. минута од мечот Емилијано Мартинез доби жолт картон. Во текот на пенал серијата откако одбрани еден удар, аргентинскиот голман упати провокација кон навивачите на Лил, почна да ги замолкнува, судијата му покажа нов жолт картон, но не го исклучи.

Во тие моменти речиси сите чекаа Мартинез да биде исклучен бидејќи тоа му е втор жолт картон, но тоа не се случи.

Правилото кое малкумина го знаат е дека во пенал серијата не важат жолтите картони добиени во текот на 90 или 120 минути. Тоа го спаси Мартинез.

Самиот голман не го знаеше правилото, изгледаше дека не му е јасно дали е исклучен или не е. За негова среќа остана во игра и стана херој на Астон Вила на овој меч.