Манчестер сити сруши сопствен рекорд од 2017 година

Манчестер сити вечерва славеше со 2-0 против Борусија Менхенгладбах во рамки на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони, што се одигра на неутрален терен во Будимпешта на „Пушкаш Арена“.

За „граѓаните“ тоа беше вкупно 19-та победа по ред во сите натпреварување. Интересно е тоа што ја запиша и 12-тата победа по ред на гостински терен и го сруши сопствениот рекорд за една англиска екипа. 

Претходно момците на Гвардиола имаа ваква гостинска серија во 2017 година.