Македонија му отвори работа на Раул Гонзалез!?

По поразот од Македонија минатиот месец, Фудбалската федерација на Ерменија му додели отказ на селекторот на Александер Петраков и се уште е во потрага по негов наследник.

До новите, последни натпревари од Лигата на нации остануваат уште десетина дена, а се уште не е назначен нов селектор. Ерменија нема шанси за првото место, но може да ја освои втората позиција во групата која носи во бараж за пласман во Б-дивизијата од Лигата на нации што ќе биде предизвик за новиот предводник на националниот тим.

Во конкуренција за селекторската позиција е и шпанската фудбалска легенда Раул Гонзалез кој не успеа да се избори за значајна функција во клупскиот фудбал, па сега би можел да се пробива како селектор.

„Многу тренери се на листата на кандидати, меѓу нив и Раул“, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Ерменија, Армен Никогосијан.

Во последните два меча Ерменија игра против Фарски Острови и Летонија и со шест бода сигурно ќе го освои второто место во групата.