ЛШ за првпат има двајца фудбалери кои постигнале хет-трик на нивното деби (ФОТО)

Лигата на шампиони (ЛШ) во првото коло од групната фаза ни понуди многу возбудувања и голем број на рекорди, меѓу кои еден е навистина импресивен.

Ерлинг Холанд во првата вечер од елитното натпреварување постигна хет-трик против Генк во победата од 6-2, а тоа беше негово деби во ЛШ.

Истото му успеа на соиграчот на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, поточно Мислав Орсиќ против Аталанта.