Лопетеги има најлошо деби на клупата на Реал Мадрид по 70 години

Зинедин Зидан на 149 натпревари како тренер на Реал Мадрид на ниту еден дуел немаше примено четири или повеќе голови. За разлика од него Хулен Лопетеги на првиот официјален натпревар на клупата на „кралевите“ прими четири погодоци во поразот од 4-2 од Атлетико Мадрид во Суперкупот. 

Интересно е тоа што Лопетеги има најлошо деби на клупата на „кралевите“ во последните 70 години. Последен тренер на Реал Мадрид кој на првиот натпревар примил четири или повеќе голови е Мајкл Кипинг уште во далечната 1948 против Селта Виго.

 Лопетеги впрочем е и првиот тренер на Реал Мадрид кој дебитирал со пораз на клупата по Бернд Шустер во 2007 година.