Лех го исмејуваше стадионот на Рајо, одмаздата стигна во 94. минута! (ВИДЕО)

Полскиот клуб, Лех од Познан, се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако преку социјалните мрежи го исмејуваше стадионот Ваљекас на кој вчера играат против Рајо Ваљекано.

Лех ги изненади сите со видео на социјалните мрежи со кое ја покажуваа состојбата на соблекувалната на стадионот Ваљекас. Полјаците се чудеа на лошата состојба во која се наоѓа стадионот од предградието на Мадрид, па решија сето тоа да го споделат со јавноста.

Од Рајо молчеа, не рекоа ништо на таквата провокација на Лех. А одмаздата ја сервираа ладна, во 94. минута од натпреварот кога постигнаа победнички гол за 3-2 и со наведната глава го испратија полскиот противник.

Лех имаше водство од 2-0 по првото полувреме, Рајо во вториот дел направи луд пресврт, а последниот погодок беше постигнат во последните секунди од мечот. Послатко не можеше.