Лампард му даде шанса на Канте во првиот тим, Клоп почнува со Фабињо наместо Кеита (ФОТО)

Ливерпул и Челси вечерва ќе се борат за Суперкупот на Европа, а двајцата тренери Френк Лампард и Јирген Клоп ги избраа почетните состави за мечот кој се игра во Истанбул.

Челси ќе го почне мечот со Канте, додека Фабињо доби шанса во првиот тим кај Ливерпул.

За Челси ќе настапат: Кепа, Аспиликуета, Зума, Кристенсен, Емерсон, Жоржињо, Ковачиќ, Педро, Пулишиќ, Жиру и Канте.

За Ливерпул ќе играат Адријан, Фабињо, Ван Дајк, Милнер, Мане, Салах, Гомез, Хендерсон, Окслејд-Чемберлејн, Робертсон и Матип.