Консеисао: Сите, почнувајќи од мене мора да го кренеме нивото!

Тренерот на Милан, Серџо Консеисао е разочаран од изданието на неговите фудбалери на натпреварот против Феенорд.

Милан одигра лош меч во Ротердам и со 1-0 загуби од Феенорд, росонерите не само што беа поразени, туку не создадоа доволно за да дојдат до подобар резултат.

„Натпреварите ги добивате со дуели, агресија, и Феенорд ги имаше сите овие состојки“, вели Консеисао.

„Ние мораше да направиме повеќе, знаевме дека ќе биде жешка атмосфера и дека тие даваат повеќе на домашен терен. Ова е Лига на шампиони и атмосферата требаше да немотивира и нас повеќе, не помалку“.

„Не е готово уште, дуелот е отворен за реваншот, но треба да одиграме поинаку во вторник.Мора сите, почнувајќи од мене да го кренеме нивото и потоа натпреварите ќе бидат полесни“.

„Имам состав со технички квалитети и мора да додадеме други карактеристики кои исто така се важни, во спротивно станува тешко“.