Комити ги извлекоа тажните вардарци од соблекувална: Нема да ве оставиме! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вардар со убедлив пораз од руски Зенит (0-5) го почнаа дебитантскиот настап во Лига Европа што сигурно предизвика голема тага и разочарување кај сите во таборот на шампионот. Но, по средбата, нивното расположение се подобри кога беа повикани да се вратат на терен за да бидат поздравени од своите верни навивачи кои им пееја и им порачаа дека никога нема да ги остават, без разлика на исходот на натпреварите.