Кога оди - оди: Халанд го собори рекордот, па објави дека ќе стане татко

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд од синоќа е најдобар стрелец во историјата на норвешката репрезентација и тоа на само 24-годишна возраст.

Тој постигна два од трите гола против Словенија, па на 36 одиграни натпревари за националниот тим, веќе има 34 гола и со ваков ефект, само небото е граница за него. Но, соборувањето на рекордот не беше единствената добра работа од него синоќа.

 

 

Веднаш по завршувањето на мечот, тој објави дека со својата партнерка Исабел Хаугсен Јохансен очекуваат принова во семејството. Прво, по завршувањето на мечот се фотографираше со топката под дрес, а потоа на социјалните мрежи потврди дека наскоро ќе бидат тројца во семејството.

Од информацијата беа изненадени дури и соиграчите на Халанд во репрезентацијата кои тврдат дека не знаеле дека Халанд очекува принова и дека им кажал во соблекувалната по дуелот со Словенија.