Новинар го налути најскапиот тренер во светот: Сакаш да ти ја покажам мојата сметка?

Фудбалерите на Јапонија изминатата вечер во Џеда ја изненадија селекцијата на Саудиска Арабија победувајќи ја со 2-0 во третото коло од групата „Ц“ во азискиот шампионат.

Одличните Јапонци се први на табелата со девет бода и гол-разлика 14-0. Австралија, Саудиска Арабија и Бахрен имаат по четири бода, Индонезија три, а Кина е на нула.

Пласманот на Мундијалот ќе изборат двете најдобри репрезентации во баражаот, додека третиот и четвртиот ќе играат бараж. Ова значи дека најскапиот тренер во светот, Роберто Манчини и неговата селекција се во сериозен проблем.

Италијанецот веќе доживеа еден дебакл кога во испадна од Купот на Азија по што добиваше жестоко критики. Едно од прашањата по поразот од Јапонија беше дали мисли да ги оправда високите примања на селекторската функција. Неговата плата изнесува околу 30 милиони евра годишно.

„Сакаш да ти ја покажам мојата сметка во банка? Кога веќе толку те интересира...Прво ме прашувате зошто играм со четворица, потоа зошто не играм. Одлучете се“, изјави Манчини.