Легендата на германскиот фудбал се прости во солзи пред 50.000 навивачи (ВИДЕО)

Поранешниот германски репрезентативец со полски корени Лукас Подолски одигра проштален натпревар изминатата вечер во Келн.

Прошталниот натпревар на Подолски помина и со хулигански нереди во кои имаше повредено нколку лица. Во натпреварот учествуваа бројни славни соиграчи на Подолски како: Мануел Ноер, Матс Хумелс, Пер Мертезакер, Ханси Флик и Јоаким Лев.

Подолски не успеа да ги задржи солзитек ога излезе пред јужната трибина за последен пат. На трибините се собраа 50.000 навивачи кои сакаа да го поздрават.

„Секогаш сум сакал да бидам искрен со вас и со детско лице. Без навивачи фудбалот е ништо“, порача Подолски во својот говор.

Во кариерата која ја започна во Келн Подолски играше за: Баерн Минхен, Арсенал, Интер, Галатасарај, Висел Кобе и Горник Забрзе.