Клучниот момент за победата на Реал: Ридигер му кажа на Лунин каде ќе шутира Ковачиќ (ВИДЕО)

Антонио Ридигер лесно можеше да биде трагичар на Реал Мадрид на синоќешниот меч против Манчестер Сити, а на крајот излезе херој.

Не само затоа што го погоди решавачкиот пенал, туку и затоа што го посоветува својот голман Андриј Лунин каде ќе шутира Матео Ковачиќ во третата рунда. Прашање е дали Лунин успеа да ја забележи неговата сугестија од над 50 метри и во момент кога е фокусиран на ударот, но факт е дека германскиот репрезентативец погоди каква му е намерата на противничкиот фудбалер.

Со оглед на тоа што претходно промашија Модриќ и Бернардо Силва, неискористениот пенал на Ковачиќ се покажа клучен за победата на Реал.