
Каталонија (ќе) слави специјален ден - 1 мај да биде „Ден на Лионел Меси“! (ВИДЕО)
Првиот гол на Меси против Ливерпул беше негов јубилеен – 600 гол за Барселона. И тоа за само 14 години, Аргентинецот успеа да стигне до бројка, каква што и најдобрите светски центарфори би можеле да ја сонуваат. Вториот гол само ја потврди сета виртуозност на фудбалерот, за кого најголемиот дел од стручната и фудбалска јавност смета дека е – најдобар на сите времиња.
И за некое чудо Меси пред 14 години на 1 мај го постигна првиот гол. Во 2005 година на денот на трудот погоди против Албасете. На истиот датум годинава, даде два гола за триумф со кој е отворена вратата кон ново финале и нова европска титула. И во тој период бројата е 600 гола или во просек по скоро 43 во година.
Не е ни чудо што по социјалните мрежи меѓу каталонските навивачи веќе се појави иницијатива 1 мај во оваа шпанска провинција да биде ден на своето божество – ден на Лионел Меси. Ретко дека во следните еден-два века, Барселона ќе има таков фудбалски велемајстор како Аргентнецот.
Ова беше првиот гол на младиот суперталент во 2005
The first of 600 ⚽
— FC Barcelona (@FCBarcelona) May 1, 2019
🔙 Leo's 1st official goal came 14 years ago today 🐐#Messi600 pic.twitter.com/PYPt74qxeU
А, ова е последниот постигнат синоќа – ремек-дело за паметење и гол на сезона во ЛШ.
🔥Un verdadero poema de ⚽️gol lo que hace Lío Messi con el Barcelona👌🏻 pic.twitter.com/jYA0joNzCV
— La Reta (@laretadeportes) May 1, 2019