Карсли знае што го чека по поразот од Грција!

Привремениот селектор на Англија, Ли Карсли очекува да се врати во селекцијата до 21 година по поразот од Грција на Вембли од 2-1.

Англија вчера првпат во историјата загуби од Грција и тоа на Вембли. А по ваков пораз, Карсли знае дека нема долго да остане на селекторската позиција иако сака.

„Ништо не се промени од мојата прва прес-коференција. Ова е фантастична работа со која најлесно може да дојдете до титула. Но, среќен сум и со работата во селекцијата до 21 година, и по првите две победи со најдобрата репрезентација на Англија моите амбиции не се променија“, вели Карсли.

„Важно ми е да дадам се на следните три меча, но ништо не е променето. Мојата задача е да бидам најдобар што можам додека сум на клупата, а потоа ќе го предадам кормилото и да се вратам во селекцијата до 21 година“.