Карсли отпиша осум англиски ѕвезди за дуелите во Лигата на нации
Карсли се откажа од услугите на осум големи ѕвезди, односно Кол Палмер, Букајо Сака, Трент Александер-Арнолд, Фил Фоден, Колвил, Џек Грилиш, Арон Рамсдејл и Деклан Рајс.
Тренерот, од друга страна, ги повика Морган Роџерс, Џерод Боуен, Џеред Брантвајт, Тино Ливраменто и Џејмс Трафорд.
„Гордиот Албион“ следните два меча ги игра против Грција и Ирска, а во моментов се наоѓа на второто место во групата Б со девет бодови, додека нашиот јужен сосед е лидер со 12 поени по четири одиграни кола.