Јаневски: Бодовите ќе дојдат на следните натпревари!
Според Јаневски, можеби поинаков тек на мечот ќе имаше, ако Дејан Блажевски по 180 секунди постигнеше гол (го погоди дирекот), но потенцираше дека и покрај определбата за офанзива, на црвено-црните им недостига вистински голгетер.
„Сакам да му честитам на Розенборг за победата. Мислам дека и покрај поразот, натпреварот мина егал, рамноправно. Двата тима пробаа да играат фудбал, ние имавме свои шанси, посебно таа при 0-0 кога ја погодивме стативата. И кога нема да се даде гол, се прима, а тоа е така во фудбалот. Розенборг реализираше од пенал, но претходно на 30 метри можеше да биде направен ситен прекршок, но ние не го направивме. Тоа е резултат на нашето неискуство. И после 1-0 имавме шанси, пробавме да играме офанзивен фудбал, но вечерва немавме во нашиот тим вистински голгетер. Честитки за мојот играч кој што играше на таа позиција, даде се од себе. Во вториот дел бевме повторно рамноправни, повторно имавме шанси, а примивме втор гол кој што го одлучи овој натпревар. Потоа направивме измени, внесовме во игра двајца млади играчи и успеавме да постигнеме гол, кој што за жал дојде во финишот и не можеше ништо резултатски да промени. Сакам да кажам дека сум задоволен од играта на мојот тим, бидејќи беше поинаква од првиот меч против Зенит на домашен терен во Лигата на Европа. Сигурен сум дека ако продолжиме во овој стил како вечерва, бодовите ќе дојдат на некој од следните натпревари. Денеска победи тимот кој што имаше повеќе искуство во вакви мечеви и ги реализираше своите шанси“, рече Јаневски на прес-конференцијата мечот.