Јамал асистира, Вилијамс погодува - Шпанија води (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шпанија поведе со 1-0 по неполни две минути игра во второто полувреме.

Во главна улога беа можеби најдобрите играчи на „фуријата“ на ова првенство Ламин Јамал и Нико Вилијамс. Првиот навлече неколку противнички фудбалери и го проигра Вилијамс, а фудбалерот на Атлетик Билбао успеа да го совлада Пикфорд.

Веднаш по голот, водството на Шпанците можеше да биде зголемено откако Дани Олмо доби одлична топка во противничкиот шеснаесетник, но шутираше непрецизно.