
Израелците во вторник „ќе летаат“ од натпреварувањата на УЕФА!?
Бројни реномирани европски медиуми тврдат дека УЕФА планира во вторник да одржи гласање за можно исклучување на Израелците, а наводно, мнозинството членки на оваа организација се расположени да гласаат за тоа. Речиси сигурно, ако дојде до гласање, Израел ќе биде исфрлен од сите европски фудбалски рамки.
Најголем притисок за вакво нешто доаѓа од Катарците кои, предводени од Насер Ал Келаифи, имаат големо влијание во УЕФА. Израел пред десетина да ја нападна Доха, каде наводно биле лоцирани лидерите на Хамас и тоа е причината за барањето клубовите и репрезентациите од оваа земја да бидат исфрлени. Поради војната во Израел, спортистите како домаќини не играат во својата земја, туку најчесто во Унгарија, Србија и Бугарија.