Хесус Навас доби шанса да стартува за Шпанија и урна рекорд!

Поради суспензијата на Карвахал, Хесус Навас доби шанса да биде стартер на полуфиналниот дуел против Франција.

Со овој настап Навас станува најстариот играч кој настапил во полуфинале на Европско првенство.
 
Навас има 38 години и 231 ден. Тој за три дена го надмина рекордот на Јенс Леман кој претходно го држеше.