Голманот на Ц. Звезда направи почетнички кикс, му подари гол на Камавинга! (ВИДЕО)

Франција лесно со 4-1 го победи Израел во Будимпешта, а серијата погодоци започна по голем кикс на голманот Омри Глазер кој е чувар на мрежата на Црвена звезда.

Камавинга биеше од далечина, Глазер очајно интервенираше и на комичен начин дозволи да биде совладан.