Голем проблем за Франција: Погба дефинитивно нема да игра во Катар!

Францускиот репрезентативец, Пол Погба поради повреда на бутниот мускул дефинитивно ќе го пропушти претстојното Светско првенство (СП) во Катар (20 ноември-18 декември).

Тој минатото лето се врати во Јувентус по неколку години минати во Манчестер Јунајтед, а пред три месеци за време на подготовките за новата сезона го повреди коленото. Погба тогаш реши да не оди на операција за да може да игра на Мундијалот, но тоа мораше да ги направи на почетокот од септември. Французинот планираше веќе да биде вратен во тимот на Јуве, но неодамна го повреди бутниот мускул и сега мора одново да паузира.

Според „Газета дело Спорт“, не постои никаква шанса тој да се опорави до турнирот во Катар, што значи дека „галските петли“ ќе мора да настапат без негова помош. Франција во прелиминарната фаза е во група со Австралија, Тунис и Данска.