Меси по рекорден шести пат ја освои „Златната топка“!

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, по рекорден шести пат ја освои престижната награда „Златна топка“.

Аргентинецот убедливо славеше по бројот на гласови во исборот на „Франс Фудбал“, а интересно е тоа што Кристијано Роналдо не се најде ниту меѓу најдобрите тројца, поради што не ни присуствуваше во Париз.

Меси зад себе ги остави двајцата фудбалери на Ливерпул, Виргил Ван Дијк и Садио Мане, и по пауза од три години ја освои престижната награда. Инаку, Кристијано Роналдо според гласовите беше рангиран на третото место, додека четврти беше Сенегалецот Мане. На петтото место беше Мохамед Салах (Ливерпул), шести Килијан Мбапе (ПСЖ), седми беше Алисон Бекер (Ливерпул), додека од осмото до десетото место се најдоа и Роберт Левандовски, Бернардо Силва и Ријад Марез. 

За ѕвездата на Барселона ова е шесто индивидуално одличје во кариерата, што е апсолутен рекорд. Претходно, 32-годишникот се радуваше во 2009, 2010, 2011, 2012 и 2015 година.

За најдобар млад фудбалер беше прогласен Матијас де Лихт од Јувентус, кој минатата сезона пружи одлични партии во дресот на Ајакс, со кого стигна до полуфиналето. 

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, сосема заслижено ја освои наградата за најдобар голман при изборот на „Франс Фудбал“. Тој зад себе ги остави Марк Андре тер Штеген од Барселона и Едерсон од редовите на Сити.