Фудбалери на Бенфика се степале со Рафиња по мечот во Лисабон

Шпанските медиуми пишуваат дека се случил сериозен инцидент по мечот меѓу Бенфика и Барселона (4-5) во Лигата на шампиони (ЛШ).

По последниот судиски свиреж следело „трето полувреме“ во тунелот на стадионот во Лисабон, каде што фудбалери на Бенфика се степале со Рафиња, поради што морало да интервенира и обезбедувањето.

„Фудбалерите на Бенфика ме навредуваа, а јас им возвратив. Доколку покажеа почит и јас ќе го направев тоа“, кажа Рафиња.