Елмас и Наполи се надеваат на триумф во Мадрид, Јунајтед не смее да загуби во Истанбул
Наполи преводен од Валтер Мацари има незгодно гостување кај поранешниот европски шампион Реал Мадрид, кој веќе се пласира во нокаут-фазата.
Калчолигашот може уште вечерва да обезбеди место меѓу најдобрите во ЛШ, но само ако победи на „Сантијаго Бернабеу“, иако постои опција и со реми да се пласира во осминафинале, но само ако Брага не го победи Унион Берлин.
„Не се чувствувам посебно, затоа што работам како тренер многу години. Свесни сме дека играме против еден од најдобрите тимови во светот, кој има одличен тренер“, кажа Мацари и најави жестока борба во Мадрид.
Madrid vs Napoli moment 📽️#UCL pic.twitter.com/fFiGeXEJSg
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) November 29, 2023
Реал Мадрид е прв со 12 бодови, по што следи Наполи со седум, Брага има три, а Унион Берлин е последен со еден бод.
Манчестер јунајтед гостува во Истанбул кај Галатасарај, а избраниците на Ерик Тен Хаг немаат друг избор освен победа ако сакаат да се борат за нокаут-фаза во ЛШ.
„Ѓаволите“ се на последната позиција во групата А со три бода, односно еден помалку од Галатасарај и Копенхаген, додека Баерн Минхен веќе го освои првото место со 12 бода.
More to come 😎#UCL pic.twitter.com/Z71zBCqpFR
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) November 29, 2023
Арсенал се наоѓа во одлична ситуација во моментов и блиску до пласман во осминафинале на ЛШ, со тоа што денеска не смее да загуби од Ленс на домашен терен во Лондон. Во вториот меч од групата Б вечерва ќе се соочат ПСВ и Севилја, кои ќе решаваат за останатите позиции во групата.
„Топчиите“ се први со девет бодови, ПСВ и Ленс имаат по пет, а Севилја има само два бода.