Екипите од Кипар се хит во Европа – двете постигнаа голови од половина терен (ВИДЕО)

Денешните средби од 5. коло од Конфеенциската лига ќе останат запаметени по срамниот пораз на Тотнем кај словенечка Мура (1-2), но и по головите на фудбалери на кипарските екипи Омонија и Анортозис, постигнати буквално од половина терен.

Прво тоа го направи Жорди Гомез, кој во последната минута од средбата на неверојатен начин, од својата половина ѝ донесе реми на Омонија на гостувањето кај Карабаг (2-2).

Втората мајсторија беше дело, пак, на Лазарос Кристодолопуло, кој во 27. минута од средбата против Гент одлично забележа дека противничкиот голман е далеку од гол-линијата и со маестрален удар ја затресе неговата мрежа од огромна длаечина. Со овој погодок, кипарскиот состав поведесо 1-0, резултат кој ги остава во игра за пласман во следната рунда.