Ѕаниоло: Ми се оствари детскиот сон!

Големиот италијански талент Николо Ѕаниоло, кого многумина го гледаат во Рим како наследник на најголемата клупска легенда Франческо Тоти, синоќа со еден потег даде гол и го реши финалето по кое Рома стигна до историската прва европска титула уште од 60-те години во минатиот век и трофејот во Купот на Саемските градови.

Ѕанило во Рома дојде во 2018 година откако за Интер не одигра ни еден меч, како дел од трансферот на Раџа Наинголан во Милано, па офанзивниот фудбалер за врска во Тирана си го исполни детскиот сон.

„Ова е остварување на еден детски сон. Нешто неверојатно. Не можам да опишам колку сум среќен“, рече Ѕаниоло.

Пехарот им го посвети на тифозите на Рома, кои не го оставија клубот ни после епската бламажа есеноска во групната фаза кога загубија со 1-6 од норвешки Бодо Глимт.

„Ова е победа и титула за нашите тифози. Беа неверојатни. А, ние сме силен тим, веројатно ни самите не знаеме колку сме силни“, додаде Ѕаниоло.