
Два гола на Мектомини, Шкотска го разнесе Кипар (ВИДЕО)
Првата ѕвезда на Шкотите, ѕвездата на Манчестер јунајтед, Скот Мектомини даде два гола и тоа во завршницата од мечот за да ја завери на крај убедливата победа, откако Џим Мекгин уште во 21-та минута од мечот донесе водство. Мектомини прво ја дуплираше предноста во 87-та минута, а потоа во 90+3-та стави печат на победата.
Вечерва во оваа група играат Шпанија и Норвешка, која е без Ерлинг Браут Халанд, додека Грузија е слободна во ова воведно коло од евроквалификациите.