Династијата продолжува: Трета генерација Малдини во италијанската репрезентација
Тој е трета генерација од династијата Малдини кој заиграл за „аѕурите“ што се случува првпат откако се игра фудбал на планетата. Даниел влезе во игра во второто полувреме од дуелот против Израел и со тоа им се придружи на својот татко Паоло и дедо му Чезаре кои, исто така, играа за националниот тим.
Паоло одигра 126 натпревари за репрезентацијата чиј член беше 14 години и се наоѓа на третото место по бројот на настапи во историјата на „аѕурите“. Чезаре не може да се пофали со толкав стаж, забележа само 14 настапи, но тој беше и селектор на Италија во периодот од 1996 до 1998 година.