Марија Луиза Јакобели, девојката на еден од најдобрите француски фудбалери Килијан Мбапе, ужива на натпреварите од Еуро 2020 и го следи нејзиното момче, но не навива за Франција.

Иако е во врска со Мбапе и ги гледа натпреварите на Франција, сепак таа има потекло од Италија и навива за нејзините сонародници, кои се едни од фаворитите за освојување на Европското првенство (ЕП).

Напаѓачот на ПСЖ и седум години постарата Италијанка веќе неколку месеци се во врска, но јавно не објавија заедничка фотографија.