Дешам го отпиша Мбапе за ноемвриските дуели на Франција
Дешам во разговор со француските медиуми откри дека Мбапе сакал да биде дел од репрезентацијата, меѓутоа тој решил да не го повика и да му даде простор да се одмори поради напорниот распоред на натпревари на „кралевите“.
„Имав неколку разговори со Мбапе и донесов ваква одлука. Сметам дека вака е подобро за него“, кажа Дешам.
Франција ќе одигра два меча, и тоа на 14 ноември против Израел, а потоа на 17 ноември против Италија.