Челси му одржа лекција на Милан, „петарда“ од Сити за Копенхаген (ВИДЕО)

Англискиот гигант Челси славеше во дербито против Милан со 3-0 и така ја запиша првата победа во Лигата на шампиони (ЛШ), додека до убедлив триумф стигна и англискиот шампион Манчестер сити кој со 5-0 го распарчи Копенхаген.

Премиерлигашот на подобар начин го отвори мечот и по неколку корнери едно по друго најдобро во казнениот простор на Милан се снајде Фофана кој погоди за 1-0.

Милан во финишот имаше шанса да се врати во мечот, но Кепа Аризабалага ја зачува својата мрежа со добра интервенција, по што уште два гола паднаа во мрежата на калчолигашот.

Обамејанг искористи одлична топка пред голманот на Милан во 56. минута (2-0), а подоцна Џејмс со „бомба“ стрелаше за 3-0.

Манчестер сити немаше милост за Копенхаген и го декласира со 5-0 во меч во кој Ерлинг Халанд повторно блесна и постигна два гола за едно полувреме, а во листата на стрелци се запишаа и Марез и Алварез, додека Кочолава си даде автогол за да ја продолжи мизеријата на гостите.

Останати резултати:

Бенфика – ПСЖ 1-1
Јувентус – Макаби Хаифа 3-1
Реал Мадрид – Шахтер 2-1
Севилја – Борусија Дортмунд 1-4